Wikimedia Foundation Terms of Use

(Redirected from Terms of use/mk)
This page is a translated version of the page Policy:Terms of Use and the translation is 56% complete.
Outdated translations are marked like this.

Кратенка:
ToU

Услови на употреба

Замислете си свет каде секој би можел да има удел во слободниот и целосен пристап кон севкупното човеково знаење. Кон тоа се стремиме.Изјава за нашата визија

Добредојдовте на Викимедија! Фондацијата Викимедија („ние“, „нас“) е непрофитна добротворна организација чија мисија е да го оспособи луѓето ширум светот да собираат и разработуваат содржини под слободна лиценца или во јавна сопственост, и успешно да ги распространуваат истите глобално и бесплатно.

Како поддршка за нашата раздвижена заедница, ние ја овозможуваме основната инфраструктура и организациските рамки за развојот на повеќејазичните википроекти и нивните изданија (како што е објаснето тука) како и другите потфати во прилог на нашата мисија. Се стремиме да создаваме образовни и информативни содржини на Проектите, и истите да се нудат бесплатно, засекогаш.

Ви пожелуваме добредојде („вам“, „вие“, „корисникот“) како читател, уредник, автор или учесник на Викимедиините проекти, и ви препорачуваме да се приклучите кон заедницата на Викимедија. Меѓутоа, пред да почнете со учество, би побарале да ги прочитате и да се согласите со следниве Услови на употреба („Услови на употреба“).

Преглед

Овие Услови на употреба нудат објаснување за јавните услуги на Фондацијата Викимедија, нашиот однос со вас како корисник, како и правата и должностите што ги имаме (ние како организација и вие како корисник). Би сакале да знаете дека имаме неверојатна количина на образовни и информативни содржини - сите создадени од корисници како вас. Општо земено, ние не учествуваме со содржини, не ги надгледуваме и не ги бришеме содржините (со ретки исклучоци кај правилата како овие Услови на употреба или правнно сообразување со напомените на DMCA). Ова значи дека уредувачката контрола е во ваши раце и во рацете на другите корисници кои создаваат и раководат со содржините. Ние сме тука чисто за да ги вдомиме содржините.

Заедницата - мрежата од корисници кои постојано ги градат и користат разните мрежни места и Проекти - е главното средство за остварување на целите на мисијата. Заедницата учествува во нашите мрежни места и помага во нивното раководење. Таа ја има клучната задача да создава и спроведува правила за поединечните изданија на Проектите (како разните јазични изданија на Википедија или повеќејазичната Заедничка Ризница).

Добредојдени сте да ни се придружите како учесник, уредник или автор, но ќе треба да ги следите правилата по кои се водат независните изданија на Проектите. Најголем проект е Википедија, но имаме и други - секој со свои цели и начин на работа. Секое издание на Проектите има своја екипа од учесници, уредници и автори кои заедно работат на создавањето на и раководењето содржините на тоа издание на Проектот. Добредојдени сте да им се приклучите и да соработувате со нив за да ги подобрите Проектите. Бидејќи сме посветени на слободниот пристап на содржините за јавноста, најчесто бараме сите содржини со кои придонесувате да бидат достапни под слободна лиценца или да се во јавна сопственост.

Имајте на ум дека вие ја сносите правната одговорност за сите ваши придонеси, уредувања и пренамена на Викимедиините содржини, согласно законите на Соединетите Американски Држави и други примеливи закони (каде може да спаѓаат законите на местото кајшто живеете или каде ги читате/уредувате содржините). Поради тоа, важно е да бидете внимателни кога поставувате содржини. Согласно оваа одговорност, ние имаме пропишано правила за тоа што можете, а што не можете да поставувате, а највеќето од нив постојат за да ве заштитиме вас или другите корисници како вас. Имајте предвид дека содржините што ги вдомуваме служат само за општо информање, така што, доколку ви е потребен стручен совет по одредено прашање (на пр. по здравствени, правени или финансиски прашања), тогаш ќе морате да се советувате со овластен или квалификуван стручњак. Тука се наведени и други важни напомени и одрекувања - затоа би ве замолиле да ги прочитате овие Услови на употреба во целост.

Да појасниме дека другите организации како локалните Викимедиини ограноци и здруженија се правно независни и засебни од Фондацијата Викимедија, и не се одговорни за работењето на мрежното место и за неговите соржини.

1. Нашите услуги

Фондацијата Викимедија е посветена на поттикнување на зголемувањето, развојот и распространувањето на слободни повеќејазични содржини, да ги нуди сите содржини на овие вики-Проекти на јаноста, и тоа бесплатно. Нашата улога е да ги вдомиме најголемите заеднички изработени информативни Проекти на светот, кои ќе ги најдете тука. Меѓутоа, наше е само вдомувањето, одржувањето и организациските рамки што им овозможуваат на корисниците да ги градат Викимедиините Проекти, учествувајќи со свои содржини. Поради оваа карактеристична улога, треба да знаете две нешта за тоа што ние претставуваме за вас, Проектите и другите корисници:

Како што се користат во остатокот од Условите за користење, нашите услуги се состојат од: Веб-страници на проектот што ги хостираме, технолошка инфраструктура што ја одржуваме и било какви технички простори што ги хостираме за одржување и подобрување на нашите проекти.

Поради нашата уникатна улога, има неколку работи за кои треба да знаете кога ја разгледувате нашата врска со вас, проектите и другите корисници:

  1. Нашата улога не е уредничка: Бидејќи на Викимедиините Проекти се работи здружено, сите содржини што ги вдомуваме и нудиме се дело на корисници како вас, а ние немаме уредничка улога. Ова значи дека ние начелно не ги надгледуваме, проверуваме, уредуваме и менуваме содржините на Проектите, и затоа не сносиме никаква одговорност за тие содржини. Од истите причини, ние не застапуваме ничии мислења изразени преку нашите услуги и не ја застапуваме или гарантираме вистинитоста, точноста и доверливоста на содржините што ги доставува заедницата. Ние само овозможуваме пристап до содржините што ги создале и уредиле вашите колеги-уредници.
  2. Вие сте одговорни за вашите постапки: Вие сте правно одговорни за вашите уредувања, удел и учество на Викимедиините Проекти, па затоа, за ваша безбедност треба да бидете внимателни и да избегнувате да поставувате содржини што може да ве доведат во неповолна правна положба согласно применливите закони. Како применливи може да се сметаат барем два закона во Соединетите Американски Држави. Иако ние може да не се согласуваме со таквите постапки, ги предупредуваме уредниците и учесниците дека надлежните органи може да ви наложат други закони на земјата во која живеете или во која ги читате/уредувате содржините. Фондацијата Викимедија начелно не може да ви понуди никаква заштита, гаранција, имунитет или да ве ослободи од одговорност.

2. Заштита на личните податоци

Би ве замолиле да ги прочитате условите на нашата Заштита на личните податоци, за да знаете како ние ги прибираме и користиме вашите информации. Бидејќи нашите услуги ги користат луѓе од целиот свет, личните податоци што ги собираме може да се зачуваат и обработат во Соединетите Американски Држави или било која друга земја каде нашите застапници имаат опрема. Користејќи ги нашите услуги, вие се согласувате на таквиот пренос на информации вон вашата земја.

3. Содржините на нашите проекти

  1. Некои материјали може за вас да бидат непожелни или погрешни: Бидејќи нудиме широк спектар на содржини што ги создаваат или собираат корисници како вас, може да наидете на материјал за кој ќе сметате дека е навредлив, погрешен, доведува во заблуда, погрешно именува или е поинаку непожелен. Затоа, при употребата на нашите услуги би ве замолиле да користите здрав разум и добро расудување.
  2. Нашите содржини имаат исклучиво општоинформативна намена: Иако имаме огромен број на информации на разни стручни теми, вклучувајќи здравствена, правна и финансиска проблематика, истите се нудат само со цел за општо информирање. Не треба да се сметаат за стручен совет. Барајте независнен стручен совет од некој што е овластен и квалификуван во дадената област наместо да донесувате одлуки врз основа на информациите, мислењата или советите што се содржат во некој од Проектите.

4. Воздржување од извесни активности

Проектите на Фондацијата Викимедија постојат исклучиво благодарение на големата заедница сочинета од луѓе како вас кои заедно соработуваат во пишувањето, уредувањето и згрижувањето на содржините. Вашето учество во оваа заедница е добредојдено. Од вас бараме да бидете учтиви и пристојни кога општите со другите, да постапувате со добронамерност и да уредувате и учествувате со содржини насочени кон помагање на мисијата на заедничкиот Проект.

Извесни активности, било законски или противзаконски, може да им наштетат на другите корисници и да ги нарушат нашите правила. Некои активности може да паднат на ваш товар на одговорност. Затоа, за ваша заштита и заштита на другите корисници, таквите активности на нашите мрежни места ви се забранети. Тука спаѓаат следниве активности:

Малтретирање и навредување на другите
  • Малтретирање, закани, демнење, спамирање или вандализам; и
  • Препраќање на верижни писма, рекламен материјал или спам на другите корисници.
  • Објавување или менување содржини со намера сериозно да им наштети на другите, како што се намерни поттикнувања за самоповредување или намерно предизвикување епилепсија
Нарушување на приватноста на другите
  • Нарушување на правата на приватност на другите согласно законите на Соединетите Американски Држави и други применливи закони (каде може да спаѓаат законите на местото кајшто живеете или каде ги читате/уредувате содржините);
  • Барање на лично препознатливи информации со намера да се малтретира, експлоатира, нарушува приватноста, или за рекламни и комерцијални цели кои не се изрично одобрени од Фондацијата Викимедија; и
  • Барање на лично препознатливи информации од лица помлади од 18 години за незаконски цели или прекршување на применлив закон што се однесува на здравјето и благосостојбата на малолетни лица.
Лажни изјави, лажно претставување и измама
  • Намерно или свесно објавување на содржини што претставуваат клевета или напад;
  • Со намера да се излаже, објавување на содржини што се невистинити или неточни;
  • Обид да се претставите како друг корисник или поединец, искривоколчување на вашата поврзаност со било кое физичко или правно лице, или употреба на корисничко име на друг корисник со намера да излажете; и
  • Вршите измама.
' Повредување на правата од интелектуална сопственост'
  • Вршење на прекршоци (нарушување) на авторските права, заштитните знаци, патентите или други сопственички права согласно важечките закони.
Злоупотреба на нашите услуги за други незаконски цели
  • Објавување на детска порнографија или било кои други содржини што нарушуваат закони што се однесуваат на детската порнографија;
  • Објавување и распространување на непристојни материјали кои се незаконски согласно важечките закони; и
  • Користење на услугите на начин несообразен со важечките закони.
Предизвикување на пореметувања и незаконска злоупотреба на понудените можности и функции
  • Објавување или дистрибуција на содржина која содржи какви било вируси, малициозен софтвер, црви, тројански коњи, злонамерен код или друг уред што може да му наштети на нашата техничка инфраструктура или систем или на други корисници;
::* Вклучување во автоматизирана употреба на веб-страниците на проектот кои се навредливи или нарушуваат услугите, ги прекршуваат прифатливите политики за користење каде што се достапни или не се одобрени од заедницата на Викимедија;
::* Нарушување на услугите со ставање непотребно оптоварување на API, веб-локација на проектот или мрежите или серверите поврзани со одредена веб-локација на проектот;
  • Попречување на услугите со преплавување на која било од веб-локациите на Проектот со комуникации или друг сообраќај што не сугерира сериозна намера да се користи веб-страницата на Проектот за неговата наведена цел;
::* Свесно чепкање, манипулирање или користење на било која од нашите затворени за јавноста области во нашите компјутерски системи без овластување;  и
::* Испитување, скенирање или тестирање на ранливоста на било кој од нашите технички системи или мрежи, освен ако не се исполнети сите следни услови:
  • таквите постапки не ги злоупотребуваат или пореметуваат без потреба нашите технички системи и мрежи;
  • таквите постапки не се вршат поради лична добивка (освен за ваше наведување како автор на делото);
  • на програмерите на МедијаВики ќе им соопштите доколку има ранливи места (или самите ќе ги поправите); и
  • таквите постапки не ги вршите злонамерно или со побуда да расипете/уништите.

'Платени придонеси без изобличување'
  • Мора да го изобличите секој работодавач, клиент, наменет корисник и поврзаност во однос на било кој придонес за кој добивате или очекувате да добиете компензација. Мора да го направите тоа изобличување на барем еден од следниве начини:
  • изјава на вашата корисничка страница,
:::* изјава на страницата за разговор што ги придружува сите уплатени придонеси, или
:::* изјава во резимето на уредувањето што ги придружува сите уплатени придонеси.
  • Дополнително, ако извршите јавно објавување на услугите за уредување реклами на проекти на Википедија во замена за каков било вид компензација, мора да ги откриете сите сметки на Википедија што сте ги користеле или ќе ги користите за оваа услуга во јавното објавување на третото -партиска услуга.
Покрај ова, применливите правни одредби, правилата и начелата на заедницата и Фондацијата, како оние за разрешување на спротиставеност во интересите може да се јават како ограничувачки чинители за платеното уредување или пак да се наметнат како побарувач на повеќе податоци во јавното обзнанување.
Заедницата на еден Викимедиин проект може да усвои поинакви правила за платени уредувања. Доколку ова е случај, тогаш на тој проект можете да се водите според тие правила наместо тука наведеното. Сепак, таквите поинакви правила имаат важност над тукашниве доколку се одобрени од дадената проектна заедница и се наведени на страницата за поинакви правила на обзнанување на платено уредување.
  • A Wikimedia Project community may adopt an alternative paid contribution disclosure policy which may supplement or replace this section. If a Project adopts an alternative disclosure policy, you may comply with that policy instead of the requirements in this section (titled "Paid Contributions Without Disclosure") when contributing to that particular Project.
Повеќе информации ќе најдете на ЧПП за обзнанување на платени уредувања.

Го задржуваме правото на дискреција при спроведувањето на горенаведените услови.

Marketing Company Mediations

Undisclosed editing by users receiving compensation creates an unreasonable burden on volunteer editors who investigate and enforce community policies. Therefore, for violations of this section related to undisclosed paid editing, you agree to submit to binding "Med-Arb" (a "Marketing Company Mediation") as described in section 14 of these Terms of Use.

5. Безбедност на лозинката

Вие сте одговорни да ја чувате и штитите вашата лозинка и никогаш да не ја давате на ниедно трето лице.

6. Заштитни знаци

Иако имате големи слободи на пренамена на содржините на Проектите, важно е Фондацијата Викимедија да ги заштитува правата на своите заштитни знаци за да можеме да ги заштитиме корисниците од лажно претставување во авторството. Поради ова, би ве замолиле да ги почитувате нашите заштитни знаци. Сите заштитни знаци со „Wikimedia Foundation“ се сопственост на Фондација Викимедија и секоја употреба на нашето заштитно име, заштитни знаци, логоа и доменски имиња мора да биде во склад со овие Услови на употреба и Правилата за заштитни знаци.

7. Лиценци на содржините

Со цел да растеж на заедничкото сладиште на слободно знаење и слободна култура, сите корисници што учествуваат во Проектите мора на општата јавност да да ѝ дадат широкоопфатна дозвола за слободно распространување и пренамена на нивните придонеси, под услов авторството и изворот да бидат соодветно наведени, а изведените дела да ги добијат истите слободи. Во духот со намерата да нудиме слободни и бесплатни информации на што поширока публика, бараме сите поставени содржини да се лиценцираат така, за секој заинтересиран да може слободно да ги употребува и пренаменува.

Се согласувате со следниве лиценцни услови:

  1. Текстот во ваша авторска сопственост: Кога поднесувате текст на кого вие ги имате авторските права, се согласувате да го лиценцирате со:

    (Пренамената може да се води по една од или обете лиценци.)

    Reusers may comply with either license or both.


    Единствен исклучок е случајот кога проектното издание или функција бара поинаква лиценца. Во тој случај, се согласувате да го објавите придонесениот текст под таа дадена лиценца. На пример, со објавувањето на оваа верзија на Условите на употреба, англиските Викивести налагаат сите текстуални содржини да бидат лиценцирани со Криејтив комонс НаведиИзвор 2.5 Нелокализирана (CC BY 2.5) и не се бара двојно лиценцирање со GFDL.

    Имајте предвид дека овие лиценци не дозволуваат комерцијална употреба на вашите придонеси, под услов таквата употреба да се повинува по условите.

  2. Наведување: Наведувањето на авторот и изворот претставува важен дел од овие лиценци. Сметаме дека заслугите мора да им се признаат на авторите како вас. Кога учествувате со ваш текст, се согласувате да биде наведен на еден од следниве начини:
    1. Преку хиперврска (кога може) или URL до статијата каде имате дадено придонес (бидејќи секоја од нив има историја каде се наведени сите автори и уредници);
    2. Преку хиперврска (кога може) или URL до друг, стабилен примерок на страницата/страниците кој е слободно достапен, кој се придржува до лиценцата и кој ги наведува авторите на начин еквивалентен на начинот на кој тие се наведени на страницата на Проектот; или
    3. Преку список на сите автори (но имајте предвид дека списокот може да се исфилтрира за изземање на многу мали или нерелевантни придонеси).
  3. Увезување на текст: Можете да увезете текст што сте го нашле некаде или што сте го напишале заедно со други, но во тој случај гарантирате дека текстот е достапен под условите кои се сообразни со лиценцата CC BY-SA 3.0 (или, според гореобјаснетото, друга лиценца, во посебен случај тоа да се бара од проектното издание или функција)(„CC BY-SA“). Содржините достапни само под GFDL не се дозволени.

    Се согласувате дека, доколку увезувате текст под лиценца CC BY-SA која бара наведување, мора да го наведете авторот или авторите на разумен начин. Во случаите каде таквото признание обично се оддава преку истории на страници (како копирање во рамките на Викимедија), доволно е при увезувањето наведувањето да го направите во описот на уредувањето, кое потоа ќе се зачува во историјата на страницата. Барањата за наведување на извор/авторство понекогаш премногу се натураат за дадените околности (без разлика на лиценцата), и може да се јават случаи каде заедницата ќе реши дека текстот не може да се користи од таа причина.

  4. Нетекстуални содржини: Нетекстуалнтие содржини (медиуми) на Проектите се достапни под најразлични лиценци кои одат во прилог на општата цел да се овозможи непречена пренамена и распространување. Кога учествувате со вакви содржини, се согласувате да се повините по барањата на тие лиценци според опишаното во нашите Правила за лиценцирање, но и да се придржувате до барањата на даденото проектно издание или функција каде придонесувате. Повеќе информации за ова ќе најдете во Правилата за лиценцирање на Заедничката Ризница.
  5. Неотповикливост на лиценцата: Освен кога тоа е во склад со вашата лиценца, се согласувате дека нема еднострано да отповикате или да барате поништување на било која лиценца што под овие Услови сте ја дале на текстуални и нетекстуални содржини со кои сте придонеле на Викимедиините Проекти или функции, дури и ако престанете да ги користите нашите услуги.
  6. Содржини во јавна сопственост: Содржините кои се во јавна сопственост се сосем добредојдени! Сепак, важно е да проверите дека истите навистина се во јавна сопственост согласно законите на Соединетите Американски Држави и другите земји, според барањата на конкретното јазично издание. Кога учествувате со содржини во јавна сопственост, гарантирате дека материјалот навистина е во јавна сопственост и се согласувате да го означите како таков.
  7. Пренамена: Пренамената (искористување на друго место) на содржините што ги нудиме е добредојдена, иако постојат исклучоци, каде содржината се нуди за „праведна употреба“ или слични исклучителни случаи. Секоја пренамена мора да се повинува по лиценцата на содржината.
    Кога пренаменувате и распространувате текстуална страница напишана од заедницата на Викимедија, се согласувате да ги наведете авторите на еден од следниве начини:
    1. Преку хиперврска (кога може) или URL до страницата или страниците кои ги пренаменувате (бидејќи секоја од нив има историја каде се наведени сите автори и уредници);
    2. Преку хиперврска (кога може) или URL до друг, стабилен примерок на страницата/страниците кој е слободно достапен, кој се придржува до лиценцата и кој ги наведува авторите на начин еквивалентен на начинот на кој тие се наведени на страницата на Проектот; или
    3. Преку список на сите автори (но имајте предвид дека списокот може да се исфилтрира за изземање на многу мали или нерелевантни придонеси).

    Доколку текстуалната содржина е увезена од друг извор, можно е таа да е под лиценца сообразна со CC BY-SA но не и GFDL (според гореопишаното во „Увезување на текст“). Во тој случај, се согласувате да се повините по сообразната лиценца CC BY-SA и немате можност да ја прелиценцирате со GFDL. За да ја утврдите лиценцата што важи за содржината што сакате да ја пренамените или распространите, погледајте го подножјето на страницата, нејзината историја и страницата за разговор.

    Покрај тоа, имајте на ум дека текстот што произлегува од надворешни извори и е увезен во Проект може да биде под лиценца што налага дополнително наведување на изворот/авторот. Корисниците се согласуваат јасно да ги наведат овие дополнителни информации. Зависно од Проектот, таквите услови може да стојат истакнати на плакат или други соопштенија кои укажуваат на тоа дека некои или сите содржини се првично објавени на друго место. Во случаите каде ваквите прибелешки се видливо истакнати, оние што вршат пренамена треба да ги запазат и во нивното наведување.

    Кај сите нетекстуални содржини (медиуми), се согласувате да се повините по лиценцата под која се нуди делото (која може да се утврди ако стиснете на делото и погледате во делот за лиценца на описната страница или преглед на изворна страница што се однесува на делото). Кога пренаменувате било која содржина што ја нудиме, се согласувате да се придржувате до барањата за наведување на извор/авторство согласно нејзината лиценца или лиценци.

  8. Менување или додавки на материјалот што го пренаменувате: Кога вршите измени или додавки на текст што сте ги добиле од некој Проект, се согласувате да ги ставите изменетите или додадените содржини под лиценцата CC BY-SA 3.0 или понова верзија (или, според гореобјаснето, друга лиценца кога тоа како исклучок се бара од конкретното проектно издание или функција).
    Кога вршите измени или додавки на сите нетекстуални содржини што сте ги добиле од некој Проект, се согласувате да ги лиценцирате изменетите или додадените содржини во склад со лиценцата под која се нуди делото.
    Во однос на текстуалните и нетекстуалните содржини, се согласувате јасно да ставите на знаење дека изворното дело е изменето. Кога користите текстуална содржина на вики, доволно е да наведете во историјата на страницата (т.е. во описот на уредувањето) дека сте извршиле измени во уввезениот текст. Секој примерок или изменета верзија што ја распространувате, се согласувате да приложите и лиценцна напомена која укажува под која лиценца е објавено делото, заедно со хиперврска или URL до текстот на лиценцата или примерок од самата лиценца.

8. Спазување на DMCA

Фондацијата Викимедија сака да се осигура дека нашите содржини можат да се пренаменуваат од други корисници без да се грижат за правна одговорност и дали нарушуваат нечие сопственичко право. За да бидеме праведни кон нашите корисници, како и другите создавачи и иматели на авторските права, наше правило е да реагираме на дојавите за наводни нарушувања што ги спазуваат формалностите на „Законот за авторското право во дигиталната епоха“ (скрат. DMCA, од Digital Millennium Copyright Act). Согласно DMCA, кога ќе биде потребно, ние ќе ги отстраниме корисниците и имателите на сметки на нашиот систем и мрежа кои на повеќе наврати нарушуваат нечие право.

Меѓутоа, знаеме и дека не секоја дојава за отстранување на содржини/корисници е исправна или добронамерна. Во такви случаи, им препорачуваме на корисниците да поднесат противдојави кога сметаат дека барањето за отстранување согласно DMCA е неважечко или несоодветно. Повеќе за ова ќе најдете на страницата Chilling Effects.

Ако сте сопственик на содржина што неисправно се користи на некој од Проектите без ваша дозвола, тогаш можете да побарате нејзино отстранување согласно DMCA. Таквото барање можете да го поднесете на legal wikimedia org или по обична пошта на следнава адреса.

Во друг случај, можете да се обратите кај нашата заедница, која обично се справува со авторски прашања побрзо и поделотворно од пропишаното во DMCA. Во тој случај, можете да објавите изјава во која ќе го објасните проблемот. Несеопфатен и немеродавен список на соодетните постапки на разните изданија на Проектите ќе најдете тука. Пред да поднесете барање согласно DMCA, можете и да ѝ се обратите на заедницата на адресата info wikimedia org.

9. Други мрежни места и ресурси

Вие и само вие сте одговорни за вашата употреба на други мрежни места или ресурси. Иако Проектите содржат врски до такви места и ресурси, ние нив не ги препорачуваме или застапуваме, па затоа не сме одговорни за нивната достапност, точност и поврзаните содржини, производи или услуги (вклучувајќи ги, без ограничување, можните вируси и други непожелни одлики), ниту пак имаме било каква обврска да ги надгледуваме и проверуваме содржините на тие мрежни места.

10. Раководење со мрежните места

Заедницата игра главна улога во создавањето и спроведувањето на правилата што важат за разните изданија на Проектите. Самата Фондација Викимедија ретко се меша во одлуките на заедниците за правилата и нивната примена. Во необичен случај, може да се јави потреба или заедницата може да ни побара да се справиме со особено проблематичен корисник поради предизвиканите пореметувања во Проектот или опасно поведение. Во такви случаи ние го задржуваме правото, но немаме обврска да:

It is possible to notify us of illegal content, or content that violates our Terms of Use (including all policies and other documents incorporated by reference) for other reasons by contacting us directly. However, you can typically make a request directly to the Project's community: this may be more efficient, and is more consistent with our Projects' aim to empower the user community.

Each Project will usually provide "Help" or "Contact" pages for further guidance, or specific tools for reporting issues. Alternatively – if in doubt – you can ask members of the community for help, by sending an email to info wikimedia org or a more language-specific address from the Volunteer Response Team page. Please note that these mailboxes are monitored by users of the Projects, not the Foundation. As a result, they should not be threatened or issued with legal demands.

If you contact the Foundation with a problem, we will typically explore whether and how existing community-led mechanisms can investigate and, where appropriate, resolve it.

In an unusual case, the need may arise, or the community may ask us, to address an especially problematic user or especially problematic content because of significant Project disturbance or dangerous behavior. In such cases, we reserve the right, at our sole discretion (or where legally compelled), to:

  • Спроведеме истрага во вашата употреба на услугата (а) за да утврдиме дали сте направиле прекршок на овие Услови на употреба, правилата за изданието на Проектот, или сте прекршиле друг применлив закон или правило, или (б) за да ги исполниме барањата на применлив закон, правна постапка или соодветно барање од владата;
  • Утврдиме, спречиме или на друг начин се справиме со измама, безбедносни или техничкиу проблеми, или да одговориме на барањето за поддршка од други корисници;
  • Одбиеме, оневозможиме или ограничиме пристап на секој корисник што ги прекршува овие Услови на употреба;
  • Да му го забраниме уредувањето или учеството на корисник или да му ја блокираме сметката или пристапот поради неговите прекршоци на овие Услови на употреба, вклучувајќи повеќекратно нарушување на авторски права;
  • Да спроведеме правна постапка против корисниците што ги прекршуваат овие Услови на употреба (вклучувајќи добивање на извештаи од надлежните органи); и
  • На друг начин да раководиме со мрежните места на Проектите на начин што ќе овозможи нивно исправно функционирање и ќе ги заштити правата, имотот и безбедноста на Фондацијата Викимедија и нејзините корисници, лицензори, парнери и јавноста.
  • Ban a user from editing or contributing or block a user's account or access for actions violating these Terms of Use, including repeat posting of unlawful material under applicable law in line with human rights principles;
  • Take legal action against users who violate these Terms of Use (including reports to law enforcement authorities); and
  • Manage otherwise the Project websites in a manner designed to facilitate their proper functioning and protect the rights, property, and safety of ourselves and our users, licensors, partners, and the public.

Those Foundation moderation activities may be informed or performed by software (such as traffic flood ("Denial of Service") protection). In those cases human review is normally available, upon request.

Во интерес на нашите корисници и Проектите, во крајниот случај да се блокира нечија сметка или пристап согласно овие одредби, на лицето му се забранува создавање или користење на друга сметка и обидувањето да пристапи до истиот Проект, освен ако не добие јасна дозвола од нас. Без да ја ограничи надлежноста на заеницата, самата Фондација Викимедија нема да го забрани уредувањето и учеството на корисник или да му го ја блокира сметката/попречи пристапот само поради добронамерна критика која не предизвикува дејства кои на друг начин би ги прекршиле овие Услови на употреба или правилата на заедниците.

Заедницата на Викимедија и нејзините членови може да спроведат постапка кога тоа го дозволува самата заедница или правилата на Фондацијата што важат за даденото издание, вклучувајќи (но не ограничувајќи се на) истрага, блокирање или забрана на корисниците што ги прекршуваат тие правила. Вие се согласувате да се придржувате до конечните одлуки на органите што го решаваат спорот кои ги воспоставуваат заедниците на проектните изданија (како арбитражните комитети); овие одлуки може да вклучуваат казнени мерки согласно одредбите на правилата што се однесуваат на даденото проектно издание.

Особено проблематичните корисници чиј пристап досега бил забрануван на повеќе проектни изданија може да подлежат на забрана на пристапот на сите изданија на Проектите, согласно Правилата за глобална забрана на пристап. За разлика од решенијата на Одборот и овие Услови на употреба, правилата што ги носи заедницата (што може да опфаќаат едно или повеќе проектни изданија, како оние за глобална забрана) подлежат на измена од заедницата што ги донела, следејќи ги нејзините постапки.

Блокирањето на сметка и пристапот или забраната на корисниците согласно оваа одредба ќе се раководи според Точка бр. 12 од овие Услови на употреба.

If you believe we have not satisfactorily acted on a problematic content report, or if you have been subjected to a Foundation moderation action that you wish to challenge, you may be able to submit an appeal.  Other information about routes of appeal may also be explained to you at the time, or in Project-specific help pages.

We reserve the right to suspend (temporarily, or permanently) our handling of reports or other correspondence from users or third parties, whether about allegedly illegal or otherwise problematic content or conduct, or requesting appeals against moderation actions, if such correspondence was made in bad faith, repetitive, unfounded, and/or abusive. In appropriate circumstances, your email address may even be blocked on our email system(s), and you will then need to contact us at our postal address if you wish to further correspond with us during that block. For less serious cases (e.g. up to three polite emails about one or more meritless complaints), this is likely to be temporary. More frequent or more abusive communications are more likely to lead to permanent measures.

11. Решенија и правила на проектите

Одборот на доверители на Фондацијата Викимедија од време на време објавува официјални правила. Некои од нив можат да бидат задолжителни за даден Проект или издание на Проектот, а, кога се задолжителни, вие се согласувате да се придржувате до нив.

12. API Terms

We make available a set of APIs, which include documentation and associated tools, to enable users to build products that promote free knowledge. By using our APIs, you agree to abide by all applicable policies governing the use of the APIs, which include but are not limited to the User-Agent Policy, the Robot Policy, and the API:Etiquette (collectively, "API Documentation"), which are incorporated into these Terms of Use by reference.

13. Престанок на важноста на договорот

Иако се надеваме дека ќе останете со нас и ќе учествувате во Проектите, можете да престанете со користење на нашите услуги во секое време. Во извесни (се надеваме малку веројатни) околности може да се јави потреба ние или Викимедиината заедница или нејзините членови (според опишаното во Точка бр. 10) да укинат дел од или сите наши услуги, да ги укинат овие Услови на употреба, да ја блокираат вашата сметка или пристап, или да ви го забранат пристапот како корисник. Доколку вашата сметка или пристап е блокиран или поинаку укинат од било која причина, вашите јавни придонеси ќе останат јавно достапни (согласно соодветните правила), и, освен ако не ве известиме поинаку, и понатаму ќе имате пристап на нашите јавни страници со единствена цел да ги читате јавно достапните содржини на Проектите. Меѓутоа, во овие околности, нема да можете да пристапите до вашата сметка или поставки. Го задржуваме правото да ги запреме или укинеме услугите во било кое време, со или без повод, и со или без најава. Дури и по забраната, блокирањето или друго укинување на вашето користење и учество, овие Услови на употреба остануваат на сила во однос на релевантните одредби, вклучувајќи ги точките бр. 1, 3, 4, 6, 7, 9-15 и 17.

14. Спорови и надлежност

Пожолтено за да се нагласи важноста

Се надеваме дека нема да се најдете во сериозни разидувања, но, во случај на спор, ви препорачуваме да го решите преку постапките или механизмите за решавање на спорови што ги нудат Проектите или нивните изданија и Фондацијата Викимедија. Доколку сакате да поднесете тужба против нас, се согласувате да ја поднесете и решавате исклучиво во државен или федерален суд сместен во околијата Сан Франциско, Калифорнија. Доколку исто така се согласувате со тоа што Услови на употреба, како и секој друг правен случај помеѓу вас и нас (не земајќи го предвид судирот на правните начела) се водат по законите на државата Калифорнија и, во мера на примеливоста, законите на Соединетите Американски Држави. Се согласувате да се покорите на личната надлежност на, и се согласувате дека местото е исправно во, судовите сместени во околијата Сан Франциско, Калифорнија, при секоја правна постапка поврзана со нас или овие Услови на употреба.

За да обезбедиме неодложено решавање на спорот штом ќе се појави, се согласувате дека, без разлика на секоја спротиставена одредба или закон, секоја правна постапка што би произлегла од или во врска со употребата на нашите услуги или овие Услови на употреба мора да се поднесе во рокот предвиден со одредбите или, доколку е порано, една (1) година по рокот на разумно утврдување на фактите што ја причинуваат правната постапка (во спротивно правната постапка засекогаш ќе биде неостварлива).

Marketing Company Mediations

As described in section 4 of these Terms of Use, you agree to resolve violations of the Paid Contributions without Disclosure in a Marketing Company Mediation at the Foundation's discretion. Marketing Company Mediations are binding mediations where, at the end of either a half or full day session, any disputed items that remain unresolved will be decided by the mediator in a legally binding decision. They will be conducted in meetings by teleconference or videoconference. If an in-person meeting is required, then the Marketing Company Mediation will take place in San Francisco County, California. The parties will split all fees and expenses related to the mediation/arbitration equally.

You agree, as part of a Marketing Company Mediation, to cooperate with the Foundation, including by timely providing any documentation in your possession relating to your undisclosed paid editing activities including the accounts used, articles affected, and clients who purchased such services.

Marketing Company Mediations are subject to and governed by the Federal Arbitration Act to the extent that the mediator becomes an arbitrator. The prevailing party shall be entitled to recover its attorneys' fees (including all fees necessary to determine the applicability of the Marketing Company Mediation and to enforce the binding result) and all costs relating to the investigation and enforcement of its rights. A party may be deemed "prevailing" even if it is not successful on every claim asserted.

If for some reason the entirety of these Marketing Company Mediation requirements are found to be unenforceable, you agree to resolve any disputes as described in the beginning of this section.

15. Одрекнување на одговорност

Пожолтено за да се нагласи важноста

Фондацијата Викимедија прави големи напори да понуди образовни и информативни содржини на многу широка публика, но вие и само вие ја сносите одговорноста за употребата на нашите услуги. Овие услуги ги нудиме „какви што се“ и „според достапноста“, и изрично се оградуваме од секакви изјавени или подразбрани гаранции од било кој вид, вклучувајќиу (но не ограничувајќи се на) подразбраната гаранција за пазарна употребливост, погодност за дадена цел и непрекршување. Воопшто не гарантираме дека нашите услуги ќе ги задоволат вашите потреби и барања, дека ќе бидат безбедни, сигурни, непрекинати, навремени, точни и без грешки, или дека вашите информации ќе бидат на безбедно.

Ние не сме одговорни за содржините, податоците и постапките на трети лица, а вие не ослободувате нас, нашите директори, службеници, вработени и застапници од секакви барања за надоместоци, познати и непознати, што би произлегле од или се на било кој начин поврзани со секакво барање од некое од тие трети лица. Ниеден совет или информација, што ќе ја добиете од од нас или преку нашите услуги, усмено или писмено, не сочинува гаранција која не е изрично изјавена во овие Услови.

Преземањето или поинаквата набавка на сите наши материјали преки ваша употреба на нашите услуги е на ваша дискреција и ваш ризик. Вие и само вие сте одговорни за сите оштетувања на вашиот сметач или загуба на податоци кои би произлегле од преземањето на тие материјали. Се согласувате дека ние сме воопшто одговорни за бришењето на, или неуспешното складирање или пренос, на сите содржини и преписки што ги чува нашата служба. Го задржуваме правото да создаваме ограничувања на употребата и складирањето по наша (и само наша) дискреција во било коре време, без претходна најава.

Законските одредби во некои држави не ги дозволуваат видовите на одрекување во овој оддел, па затоа истите може да не важат за вас, делумно или целосно, зависно од законот.

16. Ограничување на одговорноста

Пожолтено за да се нагласи важноста

Фондацијата Викимедија не ја сноси одговорноста кон вас или друго лице за било каква непосредна, посредна, случајна, посебна, последична или примерна оштета, вклучувајќи (но не ограничувајќи се на), оштета поради загуба на доходи, углед, употреба, податоци и други нематеријални загуби, без разлика на тоа дали сме ве предупредиле дека постојат можности за такви загуби. Нашата одговорност во ниеден случај не надминува вкупна вредност од илјада американски долари (USD 1000,00). Во случај некој закон да не дозволува ограничување или изземање на случајната или последичната оштета, горенаведеното ограничување или изземање нема да важи за вас, но нашата одговорност ќе биде ограничена во најголема можна мера што ја дозволува законот.

17. Измени на овие Услови на употреба

Исто како што учеството на Викимедиината заедница е од суштинско значење за растот и одржувањето на Проектите, сметаме дека учеството на заедницата е пресудно за да овие Услови да можат соодветно да им служат на нашите корисници. Ова е од суштинско значење и за да имаме праведен договор. Затоа, заедницата ќе ги добие на увид овие Услови, како и сите значајни идни измени на Условите барем триесет (30) дена пред крајот на периодот за коментирање. Доколку некоја идна предложена преработка е содржајна, ќе дадеме и дополнителни 30 дена за забелешки по објавувањето на преводот на предложената преработка на барем три јазика (изборот е наш). Заедницата потоа ќе треба да ги преведе предложените измени и на други јазици. Измените од правен или административен карактер, исправките на неточни искази и измените согласно забелешките на заедницата ќе се вршат со претходна најава, барем три дена пред нивното спроведување.

Бидејќи повремено може да се јави потреба од измена на овие Услови на употреба, ние ќе ве известуваме за измените и можноста да коментирате преку страниците на Проектите и со соопштение на WikimediaAnnounce-l. Меѓутоа, би ве замолиле повремено да ја препрочитате најновата верзија на Условите (ќе ја најдете на $2). Продолжувајќи со користењето на нашите услуги откако новите Услови ќе стапаат на сила по периодот на коментирање подразбира дека ги прифаќате Условите. За да се заштити Фондацијата Викимедија и другите корисници како вас, доколку не се согласувате со нашите Услови, тогаш не можете да ги користите нашите услуги.

18. Други услови

Овие Услови на употреба не сочинуваат вработување, застапништво, партнерство или заеднички деловен потфат помеѓу вас и нас, Фондацијата Викимедија. Доколку немате потпишано посебен договор со нас, овие Услови се единствениот договор помеѓу вас и нас. Доколку постојат некакви спротиставености помеѓу овие Услови и потпишаниот писмен договор помеѓу вас и нас, меродавноста ја има потпишаниот договор.

Се согласувате со тоа да ви доставуваме соопштенија, вклучувајќи известувања за измени во Условите на употреба, по е-пошта, физичка пошта или преку објави на мрежните места на Проектите.

Доколку, во некој случај, не ги примениме или спроведеме одредбите на овие Услови, тоа не значи дека се одрекуваме од нив.

Разбирате дека, освен ако писмено не сме се договориле поиунаку, не очекувате никаков надомест за сите активности, придонеси и идеи што ќе ни ги доставите нам, на заедницата и на проектите на Викимедија и изданијата на Проектите.

Со исклучок на можните одредби што се спротивни на овие Услови, ние (Фондацијата Викимедија) и вие се согласуваме да не ги менуваме важечките услови и барања на ниедна слободна лиценца што се користи на Проектите или на изданијата на Проектите кога таква слободна лиценца е овластена од овие Услови.

Овие правила се изворно напишани на англиски јазик. Иако се надеваме дека преводите на овие Услови се точни, во случај да постојат разлики помеѓу изворната англиска верзија и преводот, првенство има англиската верзија.

Доколку било која одредба (или некој нејзин дел) од овие Услови се прогласи за бесправна, неважечка или неспроведлива, таа одредба (или тој нејзин дел) ќе се смета за одделива од овие Услови на употреба и ќе биде спроведен во најголема дозволива мера, а сите други одредби од овие Услови ќе останат сосем полноважни.

Ви благодариме!

Навистина цениме што одвоивте време да ги прочитате овие Услови, и многу ни е драго што учествувате во Проектите и што ги користите нашите услуги. Со вашите придонеси, учествувате во создавањето на нешто многу големо – не само важна збирка од заеднички создадени Проекти што информираат и образуваат милиони луѓе кои инаку не би имале пристап, туку и раздвижена заедница на истомисленици посветени на една многу благородна цел.


These Terms of Use went into effect on June 7, 2023. Previous versions of the terms:


Имајте на ум дека во случај да постојат било какви разлики во значењето или толкувањето помеѓу англиската верзија на оваа содржина и нејзин превод, предност има англискиот оригинал.